Соучек со среќен гол спречи пораз на Вест Хем

Вест Хем и Брајтон ремизираа 2-2 во меч од кој позадоволни од конечниот исход ќе бидат домаќините, со оглед на фактот дека Брајтон двапати водеше, но сепак не успеа да стигне до цел плен.

Соучек беше спасителот на „чеканите“, откако чешкиот репрезентативец постигна среќен гол во самиот финиш, топката од Данк се одби од неговата глава и заврши во мрежата.

Вест Хем со ова реми остана на десеттото место на табелата со вкупно 22 бода, додека Брајтон се наоѓа на 16. позиција со 13 бода на своето салдо.

Се вчитува...