Соуса го раскина договорот со Полска и плати отштета од 300 илјади евра

Пауло Соуса не е повеќе селектор на Полска откако денеска го раскина договорот со федерацијата на само три месеци од баражите за пласман на Светското првенство во Катар.

Португалецот притоа платил и глоба во вредност од 300 илјади евра поради предвремен разкин, нешто кое го имало во договорот.

51-годишниот стручњак својата кариера ќе ја продолжи во Фламенго, тим со кој потпиша договор.

Ривал на Полска во баражот ќе биде Русија.

Се вчитува...