Соуса ја напушта Кина за да дојде во Рома

Пауло Соуса е фаворит во трката за нов тренер на Рома, откако стана јасно дека минимални се шансите Еузебио ди Франческо да преживее на клупата на „римската волчица“ по очајниот старт на сезоната. Рома забележа само една победа во првите пет кола, а управата на клубот веќе ја почна потрагата по нов стратег, со Соуса на врвот на листата желби на директорот Мончи.

Португалецот своевремено седеше на клупата на Фиорентина пред да се пресели во Кина, а според последните информации тој е подготвен за камбек во Италија. Имено, Соуса не се снајде најдобро во Тианџин, неговиот клуб едвај се избори за опстанок во елитното друштво, па Португалецот веќе ги почнал преговорите со управата на кинескиот клуб за спогодбен раскин на договорот.

Рома во следните две кола се среќава со Фросиноне и со Лацио, а Ди Франческо мора да освои максимални шест бода за да си ја спаси работата, во спротивно ќе добие отказ, а на негово место ќе пристигне Соуса.

Се вчитува...