СП 2019: Германија – Данска и Португалија – Египет во полуфиналните дуели

Репрезентацијата на Португалија останува најпријатното изенадување на Светското ракометно првенство за кадети кое се одржува во Скопје. Португалците обезбедија пласман во полуфиналето откако со доминантно издание во четвртфиналната пресметка го елиминираа бранителот на трофејот во оваа возрасна категорија, Франција. Португалија славеше со 31-26.

Селекцијата на Египет обезбеди историски прв пласман во полуфинале на Светско првенство откако го доби четвртфиналето против Исланд со 35-31. Египѓаните ќе играат против Португалија во мечот за финале.

Во второто полуфинале ќе играат Данска и Германија. Данците беа подобри од Шпанија со 23-19, додека Гемранија ја декласираше Унгарија со 26-16.

Полуфиналните дуели се закажани за в сабота. Поразените селекции во четвртфиналните пресметки ќе разигруваат за пласман од петтото до осмото место.

Се вчитува...