СП 2026 во „Зона Азури“: Дали сте знаеле…!?

Пред секој натпреварувачки ден… ви нудиме интересни статистички податоци поврзани со претстојните средби… и препорака зошто треба да уживате во овој фудбалски спектакл токму во еден од најдобрите ресторани и ланџ барови во Скопје –  „ЗОНА АЗУРИ“.

ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ…!?

Бразил нема пораз во првата нокаут фаза на мундијалите уште од 1990 година (0-1 од Аргентина со голот на Каниџа во 80. минута).

Јапонија никогаш не славела на нокаут натпревар на светските првенства (четири порази).

Jапонците немаат победено ривал од Јужна Америка на светските првенства (едно реми и три порази).

Бразил има скор од 11 победи, две реми и еден пораз на дуелите со Јапонија. Сепак, последниот дуел одигран во октомври 2025 е единствениот на кој на триумф се радувале „самураите“ (3-2).

Бразил има четири победи на четирите средби што ги одиграл на мундијалите против ривали од Азија.

Германија прими гол на сите мундијалски натпревари што ги играше оваа селекција уште од финалето на СП 2014 и триумфот од 1-0 над Аргентина.

Парагвај не постигна погодок на последните пет средби од нокаут фазата на светските шампионати што ги одигра оваа селекција.

Ова ќе биде втор мундијалски дуел меѓу Холандија и Мароко, откако „лалињата“ славеа на првиот, на СП 1994 со резултат 2-1.

Холандија има импресивни пет победи и едно реми на досегашните шест средби на мундијалите со ривал од Африка.

Мароко постигна повеќе од еден гол само еднаш на последните седум мундијалски средби. Исклучок беше последниот дуел против Хаити и победата од 4-2, најефикасен меч на мароканските фудбалери во мундијалската историја на оваа селекција.

Само во „ЗОНА АЗУРИ“ – пакет 4 скопски пива и една пица Капричиоза – по цена од само 850 денари

Само во „ЗОНА АЗУРИ“, секоја маса го типува резултатот на мечот. Масата што ќе погоди, има 30% попуст на вкупната сметка.

Останете во „ЗОНА АЗУРИ“ до самиот крај на мечот – да дознаете дали сте победник во нашата наградна игра!

Ресторанот „ЗОНА АЗУРИ“ се наоѓа во населба Аеродром, веднаш зад „Мајчин Дом“.

Се вчитува...