Пред секој натпреварувачки ден… ви нудиме интересни статистички податоци поврзани со претстојните средби… и препорака зошто треба да уживате во овој фудбалски спектакл токму во еден од најдобрите ресторани и ланџ барови во Скопје – „ЗОНА АЗУРИ“.
ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ…!?
„Слоновите“ се наоѓаат во одлична форма и имаат шест победи и едно реми на своите последни седум натпревари.
Само две африкански репрезентации ја минале пречката на своето деби во нокаут фазата од светските првенства, и тоа и двете откако мечот по регуларните 90 минути завршил без победник.
Норвешка има само два порази на 19 натпревари против ривали од Африка (девет победи, осум реми).
Франција постигна десет гола на трите средби во групната фаза. „Триколорите“ освоија максимални девет бода во групата за првпат по СП 1998, кога станаа светски шампиони.
Шведска е без пораз од Франција на големите натпреварувања, ремизираше со „триколорите“ 1-1 на ЕП 1992 и славеше со 2-0 на европското првенство во 2012 година.
Седум од последните девет средби на Шведска завршија 4+.
Франција постигна два или повеќе погодоци на 15 од своите последни 16 натпревари.
Мексико има девет победи и две реми на своите последни 11 одиграни средби, притоа примајќи само два гола.
Мексиканците никогаш не загубиле меч на „Азтека“ стадионот на еден светски шампионат (шест победи и две реми).
Еквадор славеше на последниот меч со Германија, но Еквадорците никогаш во историјата не врзале две мундијалски победи во низа.
Еквадор нема примено повеќе од еден гол на своите последни 26 одиграни натпревари.
Само во „ЗОНА АЗУРИ“ – пакет 4 скопски пива и една пица Капричиоза – по цена од само 850 денари
Само во „ЗОНА АЗУРИ“, секоја маса го типува резултатот на мечот. Масата што ќе погоди, има 30% попуст на вкупната сметка.
Останете во „ЗОНА АЗУРИ“ до самиот крај на мечот – да дознаете дали сте победник во нашата наградна игра!
Ресторанот „ЗОНА АЗУРИ“ се наоѓа во населба Аеродром, веднаш зад „Мајчин Дом“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
