СП 2026 во „Зона Азури“: Дали сте знаеле…!? Шведска прима гол „по навика“

ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ…!?

Единтсвениот досегашен дуел меѓу Холандија и Шведска на големите натпреварувања уште се прераскажува, бидејќи заврши 0-0 иако имаше дури 77 удари вкупно кон противничкиот гол.  Станува збор за пресметка од СП 1974, кога „лалињата“ беа предводени од легендарниот Јохан Кројф.

Шведска прими најмалку по еден гол на своите 12 одиграни натпревари.

Ниту еден од последните седум мундијалски мечеви на Швеѓаните не завршил нерешено (четири победи, три порази).

Германија има само еден пораз на мундијалите од ривал од Африка (пет победи и две реми), додека Брегот на Слоновата Коска има само една победа над европска селекција (Србија на СП 2006), со едно реми и два порази.

Германците го постигнаа првиот гол на девет од своите последни десет натпревари.

Германија прими гол на ској од последните седум мундијалски средби, најдолга ваква серија во историјата на овој фудбалски гигант.

Еквадор нема загубено од селекција од Конкакаф зоната уште од поразот од Мексико во 2019 година (шест победи и пет реми по тој натпревар).

Јапонија има пет победи на шесте меѓусебни пресметки со Тунис, вклучувајќи ја тука и победата на СП 2002 со резултат 2-0. Ниту еден од овие шест меча меѓу Јапонија и Тунис не завршил гол-гол.

Дуелот Јапонија – Тунис ќе биде јубилејниот илјадити натпревар во историјата на светските шампионати.

Само во „ЗОНА АЗУРИ“ – пакет 4 скопски пива и една пица Капричиоза – по цена од само 850 денари

Само во „ЗОНА АЗУРИ“, секоја маса го типува резултатот на мечот. Масата што ќе погоди, има 30% попуст на вкупната сметка.

Останете во „ЗОНА АЗУРИ“ до самиот крај на мечот – да дознаете дали сте победник во нашата наградна игра!

Ресторанот „ЗОНА АЗУРИ“ се наоѓа во населба Аеродром, веднаш зад „Мајчин Дом“.

Се вчитува...