СП 2026 во „Зона Азури“: Дали сте знаеле…!? Уругвај не губи од ривали од Африка

ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ…!?

Шпанија е без триумф на последните четири мундијалски средби (три реми и еден пораз).

Саудиска Арабија ремизираше 1-1 со Уругвај, никогаш досега на светските првенства (ова е седмо учество) селекцијата на Саудиска Арабија била без пораз по првите две рунди.

Саудиска Арабија има скор од една побед аи десет порази на единаесетте мундијалски пресметки со ривали од Европа.

Шпанија има три победи на трите досегашни пресметки со денешниот ривал, вклучувајќи го тука и триумфот од 1-0 во групната фаза од СП 2006.

Белгија е без пораз од март 2025 (девет победи и пет реми).

Иран има само една победа на десет натпревари на мундијалите против селекција од Европа (две реми и седум порази)

Уругвај има шест победи, две реми и само еден пораз на последните девет средби од групната фаза од светските шампионати.

Уругвајците никогаш не загубиле од ривал од Африка на светските првенства (четири победи и едно реми).

Нов Зеланд има четири реми во низа на светските првенства. Ако ремизира со Египет, тоа ќе биде израмнување на рекордот на Белгија од СП 2002.

Египет има одиграно осум мундијалски средби досега, но „фараоните“ ниту еднаш се немаат израдувано на победа (три реми и пет порази).

Египет има две победи и едно реми на досегашните три дуели со Нов Зеланд. Последен пат овие селекции се сретнаа на пријателски дуел во 2024 година што Египет го доби со 1-0.

Само во „ЗОНА АЗУРИ“ – пакет 4 скопски пива и една пица Капричиоза – по цена од само 850 денари

Само во „ЗОНА АЗУРИ“, секоја маса го типува резултатот на мечот. Масата што ќе погоди, има 30% попуст на вкупната сметка.

Останете во „ЗОНА АЗУРИ“ до самиот крај на мечот – да дознаете дали сте победник во нашата наградна игра!

Ресторанот „ЗОНА АЗУРИ“ се наоѓа во населба Аеродром, веднаш зад „Мајчин Дом“.

Се вчитува...