СП атлeтика: Рут Чепнгетич триумфираше на пеколниот маратон во Доха

Кениската маратонка Рут Чепнгетич го освои првото злато на Светското атлетско првнество во Доха. Таа го преживеа пеколот на екстремно високите температури со кои се соочија маратонците и покрај тоа што организаторот смисли трката да биде ноќна. Тоа не им помогна многу на маратонците.

На температура од 33 степени целзиусови и со влажност на воздухот од 73 проценти и во услови кога дури 28 од 68 маратонки се откажаа, Чепнгетич имаше време од 2.32.43 часа. Втора заврши фаворитката за титула, Рос Челимо, а бронзата ја освои Намибијката Хеталија Јоханес.

Заедно со победничките во редот на хероини влегува и 39-годишната Кенијка Една Киплагат која ја освои четвртата позиција со резултат од 2.35.36 часа што и донесе и олимписка норма за Игрите во Токио.

Се вчитува...