Норвежанецот Карстен Вархолм го потврди приматот на 400 метри со пречки и ја одбрани титулата во оваа дисциплина триумфирајќи супериорно во најатрактивната дисциплина на четвртиот натпреварувачки ден на Светското атлетско првенство во Доха. Американецот Рај Бенџамин го освои среброто, а домашната атлетска суперѕвезда Абдерахман Самба ја освои бронзата.
Во отсуство на Кастер Семења, на трката на 800 метри подвиг направи Халима Накаи од Уганда. Со национален рекорд од 1.58.04 минути успеа во последните метри да се одбрани од налетот на Американката Рејвен Роџерс која го освои среброто, третопласирана за бронза беше нејзината сонародничка Аје Вилсон.
Очекувана етиопијска доминација на трката на 5000 метри. Златото го одбрани Муктар Едрис поставувајќи резултат сезонава од 12.58.85 минути пред Селмон Барега, а Канаѓанецот Мохамед Ахмед ја освои бронзата на тој начин спречувајќи ги Етиопијците да ги пополнат сите места на педесталот бидејќи Телаун Хајле Бекеле заврши на четвртото место.
Со рекорд на Светските првенства, 8.57.84 минути, Кенијката Беатрис Чепкоеч ја освои титулата на 3000 метри стиплчез. Таа доминираше во трката на која среброто и припадна на Американката Ема Кобурн кој не успеа да ја одбрани титулата, а бронзата оди кај Германката Геса Краузе која го повтори успехот од пред две години во Лондон поставувајќи нов национален рекорд.
Во техничките дисциплини, Даниел Стал со должината од 67.57 стана првиот Швеѓанец кој освоил светска титула во оваа дисциплина, а Русинката Марија Ласицкене ја освои третата светска титула во скок во височина прескокнувајќи 2.04 метри. Таа нема да има можност да стои на хмината на нејзината држава при доделувањето на медалите со оглед на суспензијата на руската атлетика и таа настапува како независна спортистка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА