СП Катар 2022: Се поизвесно проширувањето на 48 репрезентации

Студијата објавена од ФИФА според која проширено Светско првнество ќе донесе заработувачка повисока за 400 милиони евра, како и тврдењето во неа дека нема да има големо прекршување на регулативата ако се направи промена на натпреварувачкиот формат се повеќе ги засилува шпекулациите дека веќе во Катар во 2022 година ќе има Мундијал со 48 наместо 32 репрезентации учеснички.

За ова да биде реализирано потребно е најмалку еден од соседите на Катар да се нафати да биде дополнителен домаќин. Извештајот што го подготвил Советот на ФИФА е на 81 страница и ги разгледува сите аспекти околу можното проширување и всушност дава начелна согласност за зголемувањето со 16 репрезентации. Начелна одлука би можела да биде донесена на состанокот в петок во Мајами додека конечното решение ќе биде во јуни.

Според дел од агенциските извештаи, ФИФА ги детектирала Кувајт и Оман како потенцијани можни ко-организатори со оглед на нивната неуралност во Голфската диполматска криза. Во студијата се анлизирани и потенцијалите на Бахреин, Суаидиска Арабија и на Обединетите Арпаски Емирати, но Катар ќе треба да ги одобри ко-домаќините.

 

 

 

Се вчитува...