СП за жени: Лекиќ против Радичевиќ во осминафинале, Швеѓанките го изненадија шампионот

Со денешните натпревари и официјално заврши групната фаза од СП во ракомет за жени што се одржува во Германија, по што се познати и двојките за осминафиналето.

Србија дефинитивно е меѓу најпријатните изненадувања откако нашиот северен сосед вечерва ја совлада и Јужна Кореја со 33-28, искачувајќи се на првото место во групата, пред европскиот вицепрвак Холандија. Ова значи дека Србинките во следната рунда ќе се сретнат со Црна Гора, која беше четврта во групата Ц, што воедно ќе претставува и пресметка на двете „вардарки“ и големи пријателки, Андреа Лекиќ (засилена со Драгана Цвијиќ) од едната и Јованка Радичевиќ од другата страна.

Најголемото изненадување вечерва го приреди Шведска, триумфирајќи со 31-28 над бранителот на трофејот Норвешка. Иако Норвежанките имаа предност во поголемиот дел од средбата, пресуди фуриозниот финиш и серијата од 5-0 на Шведска во последните минути, кога „сино-жолтите“ од 26-28 стигнаа до конечните 31-28. Со тоа Швеѓанките се најдоа на првото место во групата и во осминафиналето ќе се сретнат со Словенија, додека Норвешка ќе ја очекува дуел со секогаш незгодната Шпанија.

ГРУПА А: Ангола – Парагвај 32-28, Франција – Романија 26-17, Шпанија – Словенија 33-26.

ТАБЕЛА: Романија 8, Франција 7, Шпанија 7, Словенија 6, Ангола 2, Парагвај 0.

ГРУПА Б: Аргентина – Полска 20-38, Шведска – Норвешка 31-28, Унгарија – Чешка 30-29.

ТАБЕЛА: Шведска 8, Норвешка 8, Унгарија 6, Чешка 4, Полска 4, Аргентина 0.

ГРУПА Ц: Јапонија – Тунис 31-13, Црна Гора – Бразил 23-23, Русија – Данска 32-27.

ТАБЕЛА: Русија 10, Данска 6, Јапонија 5, Црна Гора 5, Бразил 4, Тунис 0.

ГРУПА Д: Кина – Камерун 26-26, Холандија – Германија 31-23, Србија – Ј. Кореја 33-28.

ТАБЕЛА: Србија 8, Холандија 7, Германија 7, Ј. Кореја 6, Камерун 1, Кина 1.

ДВОЈКИ ЗА ОСМИНАФИНАЛЕ

Србија – Црна Гора

Холандија – Јапонија

Германија – Данска

Русија – Јужна Кореја

Норвешка – Шпанија

Шведска – Словенија

Романија – Чешка

Франција – Унгарија

Се вчитува...