Спачва не треба да е проблем за Металург

Екипата на Металург со улога на фаворит влегува во денешниот дуел против Спачва (19 часот), прва средба од двомечот против хрватскиот претставник во квалификациите за групната фаза од ракометната Лига на Европа. Поранешниот македонски првак беше активен на пазарот летово, донесе неколку квалитетни засилувања, па „металурзите“ предводени од Хорват и од Рниќ не би требало да имаат никакви проблеми да стигнат не само до победа, туку и до солидна предност пред реваншот во Хрватска.

„Верувам дека со мотивирана игра и со сериозен пристап, каков што имавме на мечот со Пролет, не би требало да имаме никаков проблем на утрешниот натпревар со Спачва. Ја анализиравме нивната поставеност на играта, така што сметам дека доколку ја спречиме нивната игра со пикер, половина од работата е завршена. Имаме искусна и квалитетна екипа, за која сум убеден дека ќе знае да ја искористи секоја ситуација на теренот и сметам дека утрешниот резултат ќе ни гарантира мирен реванш во Винковци“, истакнува тренерот Зоран Кастратовиќ во пресрет на овој натпревар.

Реванш натпреварот меѓу Спачва и Металург на програмата е на 5. септември во Винковци, Хрватска, со почеток во 19.30 часот.

Се вчитува...