Спал ги намачи „наполитанците“, ама ги освоија бодовите

Наполи мораше многу да се намачи за да стигне до шестата последователна победа во Серија А и да го задржи максималниот ефект. Тимот на Маурицио Сари денеска му гостуваше на новиот калчолигаш Спал и победи со 2-3.

Домаќинот прв поведе преку Скијатарела во 13.минута, но Лоренцо Инсиње возврати само една минута подоцна.

Во вториот дел, Наполи стигна до водство со голот на Калјехон, а Вивиани израмни на 2-2. Сепак, Гулам со погодокот во 83.минута ги донесе трите бода за Наполи на овој меч.

All Goals & Highlights HD – Spal 2-3 Napoli… by Super-By

Се вчитува...