Спалети: Имаме силен тим, но не сме фаворити за Скудетото

Тимот на Наполи е единствениот тим со максимални четири победи на стартот на новата сезона во Серија А. И покрај големиот успех, Лучијано Спалети остана цврсто на земја во најавите за освојување на титулата.

Стратегот на Наполи потенцираше дека неговиот тим е квалитетен, но за освојвуање на титула е рано да се зборува, особено ако се има предвид дека ова се само четири победи од почетната фаза на новата сезона во Серија А.

„Не можам, а да не бидам задоволен од нашиот настап. Излеговме со вистинскиот став. Сите одиграа добро. Сезоната е долга, но дефинитивно имаме сериозен квалитет. Можеби ни недостасува доволно долга клупа и тоа ја прави разликата со фаворитите. Милан е многу силен тим, Интер функционира добро, иако се раздели со две свои sвезди. Нашата голема сила е љубовта кон нашите навивачи. Ова е нешто што може да им даде дополнително гориво на играчите. Имаме моќен напад. Осимен е одличен кога добива слободен простор. Следуваат натпревари со многу силни ривали, ќе видиме што ќе се случи“, изјави Спалети.

Се вчитува...