Спалети: Нема никаков притисок, Наполи не го кажа последниот збор

Наполи има одлична сезона во која е на чекор до освојувањето на титулата во домашното првенство, но денеска од 21 часот на стадионот „Диего Армандо Марадона“ ќе мора да надомести негатива од 1-0 против Милан доколку сака да се најде и меѓу најдобрите четири тима во Лигата на Шампионите.

Тренерот Лучано Спалети вели дека неговиот тим е подготвен за предизвикот за кој нема притисок, ниту ризик и верува дека неговиот тим ќе ја продолжи сезоната од сништата.

„Се подготвувавме за повеќе сценарија. Во оваа фаза на натпреварувањето мора да размислувате за се и сешто. Вежбавме и пенали, како што верувам дека вежбале и тие. Милан е добар тим, игра модерен фудбал, напаѓачки со висок пресинг. Заслужија да го освојат Скудетото претходната сезона и сега доаѓаат да наметнат свој ритам. Тоа што Осимен ќе биде на теренот може ќе им ги наруши плановите. Не чувствуваме притисок, ниту пак ризик. Единствениот ризик е да постигнеме весконечна радост бидејќи Наполи досега никогаш не играл на вакво ниво. Не го кажавме последниот збор, одиме понатаму“, вели италијанскиот стратег.

Се вчитува...