Спалети: Ништо страшно…, ова само ни го продолжува задоволството!

Наполи не успеа вчера да ја прослави третата шампионска титула во историјата на Серија А, откако само ремизираше (1-1) со Салернитана разочарувајќи ги помалку подготвените свои фанови кои очекуваа фешта по мечот и прослава на Скудетото по пауза од 33 години.

Но тренерот на „наполитанците“, Лучијано Спалети вели дека нема простор за разочарување затоа што сето ова само ќе го продолжи периодот на славење на трофејот.

„Момците се навистина разочарани што не успеаја да ги израдуваат извонредните наши собрани навивачи и целиот град кој беше подготвен за славење. Но, ништо страшно. Освојување вакви бодови секогаш е најтешко, пред се од психолошки аспект. Горевме во желбата за победа, но според мене ова чекање на титулата само го продолжува задоволството, затоа што пријатно ни е таму горе на врвот“ – вели Спалети и дополнува:

„Ете, секој натпревар сега до крајот нека биде славење за нас. Задоволство ми е да ги гледам сите оние луѓе како живеат за оваа титула. Ние го носиме нивниот сон и наскоро ќе ја почувствуваат сета таа радост“.

Се вчитува...