Спалети со „лекција“ до Елиф: Тренерот на Наполи го искара Елмас (ФОТО)

Наполи уште еднаш киксираше во рамки на Серија А, па Елмас и неговите соиграчи одиграа под своите квалитети на вечерашното гостување кај Калјари (1-1).

Со ваквиот исход Наполи пропушти шанса да се изедначи со Милан на врвот од табелата, што разбирливо донесе голема нервоза кај тренерот Лучијано Спалети.

По завршувањето на првото полувреме Спалети луто му се нафрли на македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас. Причината за тоа, најверојатно, беше лошата игра на тимот од Неапол, во која се вклопи и нашиот фудбалер, поради што на крајот беше оценет со оцена четири, со што беше меѓу најлошите во својата екипа.

Според италијанските медиуми, Елмас воопшто не изреагирал на викањето на Спалети, туку мирно се упатил кон соблекувалната.

Се вчитува...