„Спартанците“ играа и освоија медал и за Јовица Симовски!

Ослабена беше македонската репрезентација и во изминатиот циклус од Европската лига, во кој „спартанците“ стигнаа до финалето играјќи и за себе, но и за Јовица Симовски.

Членот на националниот тим кој со години наназад е еден од лидерите на одбојкарската репрезентација поради голема семејна трагедија не можеше да му се стави на располагање на селекторот Балтиќ, а одбојкарите на церемонијата по финалето со Украина зедоа и еден медал за соиграчот кој за жал не можеше да биде со нив во Данска.

Јовица Симовски е дел од оваа репрезентација десетина години наназад, но за жал поради голема семејна трагедија не можеше да настапи во Европската лига годинава. Тоа беше само мотив повеќе за сите нас, да играме и да освоиме медал и за него. Штета е што не е златен, но се надеваме дека во иднина сите заедно со Симовски ќе се искачиме на највисокото место на пиедесталот“ – порачуваат „спартанците“ во еден глас, заедно со челниците на Одбојкарската Федерација на Македонија.

Се вчитува...