„Спартанците“ не запираат, следна е Албанија (фотогалерија)

Македонската одбојкарска репрезентација успешно ја стартуваше новата авантура во Европската лига, рутински совладувајќи го Азербејџан со 3-0 во сетови. Убедливата победа во ниту еден момент не беше доведена во прашање, а нашите „спартанци“ уште еднаш покажаа дека се посилни од сите проблеми, па не дозволија отсуството на неколку значајни играчи да се одрази врз нивното издание.

На сите им е јасно дека оваа победа е само почеток на патот, но радува мотивираноста и фокусот, кој ветува нова серија одлични резултати на патот до остварување на целта – учество на Ф4 и нов атак на круната во Европската лига.

Следен предизвик е Албанија, која денеска ја изненади Шведска со триумф од 3-2, но доколку Македонија игра како денеска со Азербејџан, новиот успех е загарантиран.

[new_royalslider id=”690″]

Се вчитува...