Спас во 96. минута: Захов ја одбрани Шкендија од Работнички (видео)

Жуниор можеби го постигна победничкиот гол, но Костадин Захов беше херојот на Шкендија на дуелот против Работнички.

Голманот на тетовци блескаше во самата завршница, бранејќи три опасни удари на „романтичарите“ во последните десет минути од средбата. Клучната интервенција сепак беше онаа во последните секунди од мечот, кога Манојан од работ на шеснаесетникот шутираше одлично под гредата, а Захов со крајни напори ја иссфрли топката во корнер.

Се вчитува...