Спасен животот на Марадона, отстранет хематом во мозокот со итна операција во Аргентина

Со итна хируршка интервенција синоќа е спасен животот на една од најголемите фудбалски легенди во историјата, Диего Армандо Марадона.

Како што информираше Себастијан Санчи, лицето задолжено за односи со јавноста во име на Марадона, била неопходна сериозна операција како би бил отстранет хематом од мозокот.

„Марадона имаше хематом на мозокот и хируршки беше отстранет. Се работеше за сериозна интервенција, но операцијата мина во најдобар ред како што беше планирано. Диего се чувствува добро и сега очекуваме негово закрепнување“ – изјави по операцијата Санчи.

 

Се вчитува...