Спектакл во Бахреин – Кошмар на Ферари, Алонсо како некогаш, Ферстапен без конкуренција!

Возачот на Ред Бул, Марк Ферстапен триумфираше во Бахреин на првата трка од сезонава во Формула 1.

Ред Бул дојде до двојна победа без поголеми проблеми со тоа што Ферстапен на доминантен начин славеше на отворањето на сезоната.

Неговиот клупски колега, Серхио Перез ја одработи на најдобар можен начин задачата на втор возач минувајќи го Леклер во вистинско време за да му помогне на тимскиот колега да дојде до победата.

На третата позиција трката ја заврши фантастичниот Фернандо Алонсо, поранешен двократен Ф1 шампион, покажувајќи ја силата на Астон Мартин и битката со Мерцедес и со Ферари ја заврши триумфално за 99-от подиум во кариерата.

Ферари доживеа вистинска катастрофа. Леклер мораше да се откаже поради дефект на болидот, а Сајнц не смееше да ризикува па го загуби местото на подиумот, завршувајќи на крај на четвртото место, пред Хамилтон од Мерцедес.

Мерцедесите беа опасни во одредени моменти на трката, но не успеаја да завршат пред Ферари, но ниту пред Алонсо во Астон Мартин.

Се вчитува...