Спектакл во Лондон: Јунајтед промашуваше, Арсенал стрелаше за победа – „Топџиите“ на чекор до пласман во ЛШ (ВИДЕО)

Фудбалскиот спектакл во Лондон припадна на Арсенал, „топџиите“ го добија дербито против Манчестер јунајтед во рамки на 34. коло од Премиер-лигата со резултат 3-1.

Првото полувреме од овој двобој понуди три гола, многу шанси и нестварни одбрани пред се’ во дело на Давид Де Хеа. Арсенал уште во 3. минута поведе со 1-0 против Манчестер јунајтед и тоа со голот на Нуно Тавареш. На погодокот претходеше нова катастрофална интервенција на двајцата стопери Виктор Линделоф и Рафаел Варан кои што реагираа во стилот на нивниот колега, Хари Мегваер.

Во 32. минута Арсенал зголеми на 2-0, Букајо Сака беше прецизен од белата точка. Сепак, кога се мислеше дека противникот е скршен, на сцена стапи Кристијано Роналдо, кој во 34. минута намали на 2-1, резултат со кој се замина на пауза.

Почетокот на второто полувреме во целост припадна на гостите. По неколку креирани шанси за гол, во 57. минута беше досуден пенал за Јунајтед, но Бруно Фернандеш кој ја презеде одговорноста ја погоди само стативата. „Црвените ѓаволи“ не се откажаа, веќе во следниот напад преку Роналдо постигнаа гол, но овојпат спасител за Арсенал беше ВАР, кој досуди офсајд.

Непишаното фудбалско правило стапи на сила во 70. минута, промашените шанси на Јунајтед ги казни Џака, успевајќи да донесе водство од 3-1, резултат кој се покажа и конечен на овој двобој.

Aрсенал е директен ривал на „ѓаволите“ во трката за четвртото место, па јасно е зошто триумфот е од големо значење за тимот на Артета, кому за главен ривал во оваа трка му останува Тотенхем.

 

 

 

https://v.fodder.gg/uploaded/1650715325.mp4#t=0.1

 

https://v.fodder.gg/uploaded/1650715441.mp4#t=0.1

 

https://v.fodder.gg/uploaded/1650718867.mp4#t=0.1

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...