Неверојатен натпервар се одигра на „Кревејн Котиџ“ во Лондон, во кој Манчестер Сити славеше триумф од 4-5. Неверојатен е податокот дека избраниците на Пеп Гвардиола водеа со 1-5, за на крајот да се „потат“ да дојдат до трите бода.
Халанд уште во 17. минута дојде до својот гол број 100 во Премиерлигата. Рејндерс во 37. минута зголеми на 0-2 на асистенција на Халанд, а потоа Фоден во 44. минута донесе и 0-3. Смит Роу во втората минута од судиското надополнување намали.
Но, Сити го продолжи во исто темпо мечот и во вториот дел, па Фоден зголеми на 1-4 во 48. минута, за автоголот на Берге донесе и 1-5 за Сити. И кога се чинеше дека работата е готова, Ивоби погоди за 2-5. Потоа и двата гола на Чуквуезе донесоа крајна неизвесност во финишот.
За разлика од мечот Фулам – Сити, на дуелот Борнмут – Евертон имаше само еден гол, и тоа за победа на гостите. Евертон славеше со голот на Грилиш во 78. минута од средбата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

