Тотенхем му го нанесе првиот пораз на Ливерпул сезонава во Премиер лигата славејќи во драматичен натпревар со 2-1 во 7. коло.
На домашните во Лондон им беа потребни два играчи повеќе на теренот и автогол во 96. минута за да дојдат до трите бода.
Јасно беше дека домашните ќе ја имаат предноста по исклучувањето на Џонс кај Ливерпул во 26. минута, па сето тоа резултираше со водство на Тотенхем преку Хјунг-Мин во 36. минута.
Но, Ливерпул во финишот на првиот дел и со играч помалку успеа да израмни на 1-1 со голот на Гакпо.
Во второто полувреме, Диого Жота, кој во игра влезе на почетокот од вториот дел, во само една минута во 68. и во 69. минута доби два жолти картони и ново исклучување кај Ливерпул.
И со двајца помалку на теренот, тимот на Клоп успешно се држеше до крајот кога Матип во 96. минута си постигна автогол за конечен триумф на Тотенхем од 2-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА