Спектаклот во Мадрид без победник: Резултатска вртелешка за реми на крајот (ВИДЕО)

Дуелот на гигантите Реал Мадрид и Манчестер Сити во Мадрид ги оправда очекувањата. Шест гола, на крајот не победи никој, но фудбал со многу борба, со многу трчање и ревија на убави голвои, за на крајот да заврши нерешено, и победникот да се одлучува на  реваншот во Манчестер, каде што исто така се очекува спектакуларен фудбал.

Дека ќе има спектакл на „Сантијаго Бернабе“, најави Бернардо Силва уште во 2. минута од средбата. Од слободен удар од позиција на центаршут, ги изненади сите откако се реши на шут, и го изненади Лунин за предност на гостите.

Меѓутоа Реал Мадрид не само што брзо се врати, туку и поведе. Камавинга најпрво во 12. минута донесе израмнување, за во 14. минута Родриго постигне гол за предност.

Виницус на стартот од вториот дел имаше голема шанса, а кога не ја искористи на сцена стапи Манчестер Сити. Прекрасен гол на Фоден во 65. минута за уште едно израмнување на мечот, а збунетоста кај „кралевите“ ја користи Гвардиол, со неговиот прв гол во дресот на Сити, и тоа на „Бернабе“. И неговиот погодок беше убав, за предност.

Меѓутоа и ова водство не траеше долго, само осум минути кога Валверде со волеј го совлада Ортега, и донесе ново, трето израмнување на мечот.

Се вчитува...