Со скандирања на неговото име, факели и многу емоции, младиот македонски боксер Арабел Рустемовски синоќа се врати во Битола, каде што беше пречекан како вистински шампион. Неговите браќа, меѓу кои и нашиот најдобар боксер Ален Рустемовски, тренерите, пријателите и семејството му приредија изненадување достојно за европски медалист, славејќи го големиот успех на Европското првенство за боксери до 17 години во Будва.
На шампионатот во Будва, Рустемовски се претстави во одлично светло и стигна до полуфиналето, каде што беше запрен од Британецот Чарли Кит. Иако не успеа да се пласира во финалето, освоената бронза е значаен успех за младиот битолчанец, неговиот клуб и македонскиот спорт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА









