Спектакуларен зимски трансфер период: Њукасл ќе пазари од Реал, прва мета е „малерозната“ ѕвезда на „кралевите“

Првите луѓе на Њускал ја разгледуваат можноста да испратат понуда за фудбалерот на Реал Мадрид, Еден Азар, кој пред повеќе од две години беше купен од Челси за околу 100 милиони евра. Белгиецот постојано е повреден и никако не може да го покаже својот потенцијал.

Инајќи го предвид моменталниот статус на Еден во Реал, тренерот на „кралевите“, Карло Анчелоти веќе има дадено зелено светло за негова продажба уште во претстојниот зимски трансфер период.

Сепак, медиумите наведуваат дека без разлика на сумата што ќе ја понудат англичаните, Азар нема намера да се врати во Премиер-лигата, посебно не во состав кој се бори за опстанок.

Се вчитува...