Спектакуларно финале на титаните: Новак Ѓоковиќ останува кралот на Вимблдон!

Најдобриот светски рекет Новак Ѓоковиќ во спектакуларно финале кое ќе остане запишано во аналите на тенисот, успеа да ја одбрани титулата освоена минатата година на Вимблдон, славејќи против Швајцарецот Роџер Федерер во пет сета и за првпат во историјата преку новото имплементирано правило со триумф од 13-12 во тај-брејк во последниот сет.

Во 48-от меѓусебен дуел Ѓоковиќ стигна и до 26-та победа против Федерер, овој пат со 7-6(5), 1-6, 7-6(4), 4-6, 13-12 (3), на тој начин стигнувајќи до својата петта круна на Вимблдон.

Во извонредно исцрпувачки меч, вистински спектакл кој траеше повеќе од пет часа, петтиот сет Ѓоковиќ го доби согласно новото правило, имплементирано од оваа година, по дури 25 гема и низ тај-брејк со 13-12, на крај за заслужен триумф. Федерер во петтиот сет при 8-7 имаше и две меч топки, но не успеа да ги искористи.

Со денешната победа српскиот тенисер ја продолжи триумфалната низа од последните три дуели против Швајцарецот, стигнувајќи и до наградата од 2,5 милиони евра за освоениот грандслем турнир.

Се вчитува...