НОВА ЕПИЗОДА ОД СПОРТСКИОТ ПОДКАСТ НА ЕКИПА – „ПРЕСИНГ“ – Специјална епизода посветена на животниот пат на македонската фудбалска легенда ВАСИЛ РИНГОВ.
Овој пат, нашиот новинар и водител Никола Станикевски, во разговор со СРЃАН ИВАНОВИЌ, авторот на биографијата за ВАСИЛ РИНГОВ – „Фудбал под сенка“, книга која може да ја најдете во книжарниците на Литература.мк.
Се за животниот пат на македонската фудбалска легенда Васил Рингов. Помалку за она што е познато – неговите голови и блескави денови во Вардар, но повеќе за трнливите животни патешествија…, бројни анегдоти и нераскажани приказни… Како се роди двоецот „Рингов-Панчев“ кој остана неразделен се до последните денови на Васил на овој свет.
РАЗГОВОРИ ЗА…
- Како дојде до идејата за биографска книга за Васил Рингов? Колку долго се познаваш Срѓан Ивановиќ со Рингов и меѓусебните дружби и разговори од кои произлезе книгата.
- Како се роди насловот на книгата – „Фудбал под сенка“?
- Рингов не сакаше во книгата да се пишува многу за головите и фудбалот, бидејќи тие може да се најдат и на интернет, но за неговиот животен пат!
- Трилер-приказни од животот на Васе Рингов, обвиненијата за многу фудбалери од Вардар за затајување данок, тешките денови по раното заминување од родната Струмица, патешествијата во Партизан, Тетекс, Динамо Загреб
- Дали беше буквално уапсен во Струмица за да бесплатно потпише за Вардар?
- За славните денови во ФК ВАРДАР и за легендарниот напаѓачки тандем со Дарко Панчев
- „Рингов – Панчев“ не беше само скопска или македонска работа, тоа беше силно препознатлив југословенски бренд во времето на златните денови на Вардар
- За тоа како Панчев, како играч на Црвена Звезда, помогнал „вардарц“ да добијат поповолни хотелски услови, на сметка на Ц. Звезда, на подготовките во Пореч во 1990 година
- Секогаш неприкосновен борец за правда!
- За иницијативата Јужната трибина на арената „Тодор Проески“ во Скопје, да го добие името Васил Рингов!
- Срѓан Ивановиќ е познат и во домашната книжевна јавност како автор на трилер –романи, претходно веќе со препознатливите романи „Крвава уметност“ и „Писма од лудница“, со кој имаше одличен успех. Спрема ли Ивановиќ сега некоја нова книга од трилер жанрот?
=============================================
Заследи го нашиот Јутјуб-канал за сите следни епизоди =============================================
ГЛЕДАЈТЕ ГИ И ПРЕТХОДНИТЕ ЕПИЗОДИ НА СПОРТСКИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“….
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

