„Специјалниот“ се враќа на „Олд Трафорд“

По речиси една година од отказот од Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, вечерва се враќа на „Олд Трафорд“. Ќе го предводи Тотенхем во походот кој треба да го изнесе клубот од средината на табелата. Мурињо и Тотенхем доаѓаат на север со серија од три последовни победи на трите одиграни средби, две во Премиер-лигата  со што се искачија на шестото место на табелата.

Спротивно, неговиот поранешен клуб е во сериозна криза. Јунајтед е на 10. место на табелата со победи на само четири премиерлигашки средби сезонава и се движи кон најлошиот финиш на сезоната по 1990 година. Кога го избрка Мурињо, Манчестер јунајтед имаше 26 бода по 17 кола, сега има само 18 по 14 средби. Мурињо објаснува дека во поранешниот клуб и натаму има добри приајтели. Добил бројни честитки за новата работа од членови на Јунајтед.

Покрај лошата резултатска серија, Јунајтед се соочува и проблеми поради повреди. Ентони Марсијал веројатно нема да биде дел од составот пишуваат англиските медиуми.  Извесно е дека Пол Погба нема да игра и покрај најавите дека би можел да се опорави навреме.

Изминативе неколку дена имаше разни шпекулации околу Оле Гунар Солскјер. Менаџерот рече дека не страхува за работата без разлика на резултатите во претстојните два тешки натпревари. Од друга страна, медиумите тврдеа дека на играчите им рекол оти ќе ја загуби работота ако доживеат порази од Тотнехем и потоа од Манчестер Сити претстојниов викенд.

 

 

 

 

 

Се вчитува...