Спировски: Цела Македонија очекува победа против Лихтенштајн

Македонската репрезентација ги продолжува подготовките пред натпреварот на 13. октомври против Лихтенштајн од Лига на нации на националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

Македонија во полн состав се подготвува за дуелот со Лихтенштајн, трет за националниот тим во Лигата на нациите. Фудбалерот на унгарски Ференцварош, Стефан Спировски вели дека во репрезентацијата се размислува единствено за три бода од дуелот со Лихтенштајн кои треба да бидам мотив плус потоа за пресметката со Ерменија на 16. октомври во Ереван,

„Очекувањата против Лихтенштајн се победа. Цела Македонија го очекува тоа. Имаме четири дена до мечот, доволно време да се подготвиме. Целосно сме фокусирани на првиот меч за нас, а потоа ќе мислиме на Ерменија. Имаме шест бода на првите два меча. Сакаме да бидеме први во групата“ вели Спировски.

Натпреварот меѓу Македонија и Лихтенштајн се игра на 13. октомври во 20:45 на „Филип Втори“ а билетите се пуштени во продажба по цена од 150 денари за Северната и 100 денари за Јужната трибина.

Се вчитува...