СПОРЕН МОМЕНТ НА КОЛОТО – Офсајд или не!?

Шкендија го победи Силекс со 2-1 во Тетово во 25. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Тетовци до трите бода дојдоа благодарение на голот на Бесарт Ибраими во 86. минута.

Претходно, и покрај водството на Шкендија со погодокот на Валмир Нафиу, Силекс израмни преку Пепи Ѓоргиев кој одлично прими топка и мајсторски стрелаше. Но, погодокот останува како спорен момент, поради офсајд-позиција на Ѓоргиев. Судиите го признаа погодокот, а дали имаше или не недозволена позиција оцените сами…

Се вчитува...