Спортинг испушти победа во лисабонското дерби, Ристовски остана на клупата

Спортинг Лисабон беше на прагот да забележи победа во големото градско дерби против Бенфика на гости, но потклекна во последните мигови и ремизираше 1-1. „Зелено-белите“ имаа предност по првиот дел со голот на Желсон Мартинс во 18.минута, но една грешка во одбраната беше доволна за Бенфика да израмни во 90.минута и тоа од пенал. Баталја играше со рака во сопствениот шеснаесетник, а Јонас успеа да го реализира пеналот и да донесе важен бод за Бенфика.

Македонскиот интернационалец Стефан Ристовски остана на клупата за резервни фудбалери на Спортинг Лисабон на ова големо дерби. По 16 одиграни кола во Португалија, Порто е првопласиран на табелата со 42 бода, Спортинг Лисабон е на второто место со 40 бода, а на третата позиција е Бенфика со 37 бода.

Се вчитува...