Спортинг прашува: Колку чини Несторовски?

На само пет дена пред крајот на преодниот рок во Европа, се уште има шанси Илија Несторовски да замине од Палермо, и тоа во редовите на Спортинг Лисабон. Добро познато е дека португалскиот гигант летово остана без голем дел од клучните играчи, па челниците на Спортинг се уште се активни за да најдат адекватни замени и дополнително да го засилат својот тим.

Според италијанските медиуми, се уште не е испратена официјална понуда за Несторовски, но почнати се преговори со Палермо за да се дознае цената што сицилијанскиот клуб ќе ја одреди за Македонецот. Палермо бараше пет милиони евра во досегашниот дел од преодниот рок, но во ситуација кога нема други заинтересирани купувачи лесно може да се случи и таа сума да падне.

Во секој случај, станува збор за пари што Спортинг Лисабон може да си ги дозволи, па лесно може да се случи Стефан Ристовски да добие Македонец за соиграч во португалскиот гигант.

Се вчитува...