Спортинг Лисабон нема да биде следната дестинација во кариерата на Илија Несторовски откако португалскиот клуб ги прекина преговорите со Палермо за ангажман на македонскиот голгетер.
Во ситуација кога Бас Дост е повреден раководството на Спортинг беше во потрага по нов голгетер, а една од опциите беше и македонскиот ас. Сепак, последните информации говорат дека Португалците во меѓувреме се премислиле, па воопшто нема да испратат официјална понуда. Наместо Несторовски, тие вниманието го насочиле кон Муриел од Севилја, а „план Б“ е Лападула од редовите на Џенова.
На помалку од два дена пред крајот на преодниот рок во остатокот од Европа, се поголема е веројатноста дека Несторовски ќе мора да го мине најмалку првиот дел од оваа сезона во „Серија Б“ во дресот на Палермо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА