Спортистките кои го инспирираа светот

Меѓународниот ден на жената е вистинска прилика да се обележат кариерите на неколку големи спортистки кои со постигнувањата, но со битките кои ги водат надвор од терените променија многу, не само во спортот, туку и во светот воопшто.

Беки Хемон

Хемон 2014 година стана првиот жена помошник тренер во историјата во сите четири професионални американски лиги, откако дебитираше на клупата на Сан Антонио Спарс. Во дебито во летната лига во Лас Вегас нејзината екипа загуби од Њујорк Никс со 78-73. Од Хемон во иднина се очекува да биде и првата жена која што ќе добие шанса како главен тренер во тим во најсилната кошаркарска лига.

„Не е важно дали сте маж или жена, важно е дали ја разбирате оваа игра или не“ – коментираше Грег Поповиќ, тренерот на Спарси кој и даде шанса на Хемонд.

Вера Чаславска

Вера Чаславска е една од најголемите гимнастичарки на сите времиња. За Чехословачка освоила единаесет олимписки медали, од кои седум златни и четири сребрени. Освоила и четири злата на светските и единаесет злата на европските првенства, а во 1968 година била прогласена за најдобра спортистка на светот. Меѓутоа нејзиниот најголем успех и она по што ќе остане запаметена, не се одличјата, туку храброста поради која ја жртвувала кариерата.  Во знак на протест против воената интервенција на СССР, Чаславска, која во 1968 била на Олимписките игри во Мексико, ја бојкотирала советската химна за време на доделувањето на медалите. Нејзиниот суптилен, но силен гест предизвикал воодушевување кај нејзините сонародници, но и бес кај чехословачките власти и советскиот режим. По враќањето од Мексико, Чаславска била жртва на политички прогон. Се до 1974 година и било скратено правото на работа и патување. 1974 година добива прилика да работи како тренер, но вистинската слобода ја добила по падот на комунизмот 1989 година. Чаславска умре во 2016 година на 74 годишна возраст.

Фани Бленкерс – Коен

Фани Бленкерс – Коен е легендарна холандска атлетичарка и службено најдобра атлетичарка на 20. век. Четири златни медали на едни Олимписки игри е успех кој секој спортист го прави бесмртен. Големата Фани тоа успеа да го направи на игрите во Лондон во 1948 година. Бланкерс – Коен  тој резултат го остварила откако станала мајка, што неа ја направи спортска хероина. Го добила прекарот „Летечката домаќинка“ бидејќи направила нешто што во тоа време не било возможно, спојување на приватниот и професионалниот живот. Коен умре 2004 година на 86 годишна возраст.

Јаница Костелиќ

Со четири олимписки злата и две сребра, Јаница Костелиќ е е најуспешната алпска скијачка во историјата на Зимските олимписки игри. Костелиќ го освојуваше Светскиот куп во 2001, 2003 и 2006 година. На 15 јануари 2006 година Костелиќ стана трета скијачка во историјата по Швеѓанката Пернил Виберг и Австријката Петра Кроненберг, која победувала во сите пет скијачки дисциплини во Светскиот куп. Во кариерата имаше неколку тешки повреди, поради кои докторите се плашеа дека никогаш веќе нема да прооди, но Јаница секој пат повторно се враќаше на скиите. Од скијањето се откажа на 24 годишна возраст како една од најголемите спортиски која прерано ја завршува професионалната кариера.

Били Џин – Кинг

Една од најголемите тенисерки на сите времиња. Во кариерата 12 пати беше грен-слем шампионка, а од тоа дури шест пати го освои трофејот на Вимблдон. Била одлична тенисерка, но ќе остане запаметена и надвор од спортот поради нејзината борба за рамноправноста на половите. Во 1981 кога Џин – Кинг јавно призна дека е хомосексуалка, таа изјава беше шок во светот на традиционално конзерватнивниот тенис. Беше прва ѕвезда во белиот спорт и една од првите спортистки во светот која јавно зборуваше на оваа тема. Во 1973 година таа го победи освојувачот на грен-слем трофеи Боби Ригс во дуелот кој беше наречен „Меч на половите“  („Battle of the Sexes“). Минатата година снимен е и истоимениот филм. На 75 годишна возраст Кинг и денес се уште е ангажирана во активизмот за правата на жените.

Се вчитува...