Ејми Хант го одбележа овогодишното Европско првенство во атлетика освојувајќи четири златни медали и беше една од првите што јавно ја критикуваше актерката Сидни Свини поради реклама за обложувалница.
Американската актерка Сидни Свини деновиве повторно се најде во центарот на вниманието откако се појави во реклама за компанија за спортско обложување. Во рекламата таа се појавува гола – опкружена со топки за американски фудбал, позирајќи на конструкција за кошарка, на маса за билијард… Рекламата лесно ќе ја најдете на социјалните мрежи, доколку веќе не сте ја виделе.
Спортистките не се задоволни, а голем дел од нив се гневни бидејќи сметаат дека на овој начин женскиот спорт и спортистките се претвораат во сексуални објекти.
„Сидни Свини, вака изгледаат жените во спортот. Мускули, напорна работа, крв, пот и солзи“, изјави Хант по трката на 200 метри на првенството во Будимпешта.
Американската гимнастичарка Грејси Крамер објави видео од тренинг со следниот опис:
„Не знам што прави Сидни Свини, но жените во спортот изгледаат вака.“
Не изостана ниту реакцијата на четирикратната олимписка шампионка, австралиската пливачка Ариарн Титмус:
„Ова не е само шлаканица за секоја жена што го посветила својот живот на усовршување на некаква вештина, туку и за секоја жена што ужива во спортот таков каков што е. Како е можно сè уште да живееме во свет што го монетизира женското тело и како е сè уште нормално женскиот спорт да се сведува на ниво на секс?“
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
