Спортот „обвинет“ за екстремното ширење на коронавирусот во Велика Британија

Спортските настани кои не беа запрени навреме се меѓу најголемите вивновници за големата распространетост и огромната бројка заболени со коронавирусот во Велика Британија, тврди познат епидемиолог во државата. На прво место е фудбалскиот натпревар од Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Атлетико Мадрид, а рамо до рамо со него  е и Фестивалот во Челтенам. Од овие два настана, на локално ниво бројката на заболени се зголемила повеќекратно тврди професорот Тим Спектор.

Според научниците вината е кај надлежните спортски институции кои во март се водеа од ставот на премиерот, Борис Џонсон кој во тој период велеше дека луѓето треба да се одесуваат сосема нормално и не ги забранија овие настани. Па така во првата недела од март во Англија и во Шкотска имаше полна програма на фудбалски натпревари, пет коњички настани, дуел во рагби меѓу Англија и Велс на кој присуствуваше и премиерот Џонсон.

Челтенам ги отвори вратите за 250.000 посетители на традиционалните годишни коњички трки. Сега се тврди дека многу луѓе ги загубиле животите токму поради овие настани кои не биле запрени навреме.

 

 

Се вчитува...