Спортот пред политиката – легендарна српска кошаркарка ќе игра во Албанија

Милица Дабовиќ до пред неколку години важеше за една од лидерките на српскиот национален тим, освојувајќи ја титулата на ЕП во Унгарија во 2015,потоа и бронзата на ОИ во Рио де Жанеиро во 2016 година. По раѓањето на синот Стефан таа и на 37-годишна возраст реши да му се врати на спортот, но изненади многумина со својот избор – кариерата да ја продолжи во Албанија, во дресот на Фљамуртари.

„Се селам во Валона, потпишав со еден од најдобрите клубови од Албанија, Фљамуртари. Тие луѓе ме прифатија со раширени раце, едвај чекам да станам дел од нивниот тим. Сите знаат дека сакав да се вратам во некој клуб во Србија, но тоа не се случи. Како и да е, едвај чекам да почнам пак да играм кошарка. Не ми е сеедно, особено се грижам како синот Стефан ќе ја поднесе селидбата. Сепак ова е спорт, а не политика и верувам дека нема да се соочам со било какви проблеми“ – истакна Дабовиќ.

Се вчитува...