Спортскиот гест на Галјардо отскокна во „лудилото“ на Супер Класико

Навивачко лудило, огромни инциденти, повредени фудбалери, беа дел од декорот на Супер Класико, големото дерби меѓу Ривер Плата и Бока јуниорс, кое синоќа не го дочека својот почеток. Натпреварот е одложен за денеска, со почеток во 21 часот, а голем удел во тоа има и спортскиот потег на тренерот на Ривер Плата, Марсело Галјардо. Тој се закани дека и неговиот тим нема да истрча на теренот на „Монументал“, затоа што не сака на таков начин да ја победи Бока јуниорс.

Иако имаше огромни притисоци мечот да се игра, пред се поради огромната финансиска заработка од ТВ права, на крајот мечот сепак беше одложен. Галјардо ги собра симпатиите и на лутиот ривал, што е навистина редок исклучок во историјата на Супер Класико.

По првиот финален меч од Копа Лобертадорес, резултатот е 2-2, а ако вечерва воопшто има фудбал, ќе треба да се добие победникот на Копа Либертадорес.

Се вчитува...