Срамен пораз на Севилја: Елиминирана во Купот од второлигашот Мирандеш

Фудбалерите на Севилја доживеаја убедлив пораз од 3-1 од второлигашот Мирандеш во осминафиналето од кралскиот Куп.

Севилја на гостувањето против Мирандеш доживеа срамна елиминација. Домашните по само 30 минути игра имаа предност од 2-0 со двата погодоци на Аиас во 7. и во 30. минута. Во второто полувреме Реј во 85. минута зголеми на 3-0, а Нолито во првата минута од судиското продолжение само го ублажи поразот на Севилја.

Се вчитува...