Срамен потег: Американски тенисер не сакаше да се поздрави со Ѓоковиќ

Американскиот тенисер Томи Пол дојде како замена за тимот на Светот на Лејвер купот, но најде начин да привлече внимание, за жал во негативен контекст.

Имено, Американецот не сакаше да се ракува со Србинот по завршување на меч. Во моментот кога Новак сакаше да му подаде рака, без причина се сврте кон публиката, а потоа ја намести капата.

Судејќи по неговиот израз, не беше случајно, бидејќи тој се сврте штом помина Србинот.

Видеото можете да го погледнете на следниот линк. 

Се вчитува...