ЕКИПА во Луцерн, Швајцарија
Владимир Булатовиќ
Македонија го одигра, можеби најдоброто полувреме во Лигата на нациите низ септемвриско-октомврискиот собир, но сето тоа залудно кога како „балон пукна“ низ вториот дел од мечот за нов убедлив пораз во Б-дивизијата, овој пат на гостувањето против Швајцарија со 3-0.
И четврти натпревар во Лигата на нации, а вкупно осми откако на кормилото е Гоце Седлоски Македонија се уште е без погодок.
Четири порази, гол-разлика од 0-10 во Лигата на нации и 787 минути без погодок се најцрната статистика во историјата на мак-фудбалот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА







