Срамота: Ливерпул е прв шампион по 1953 година што примил седум гола

Катастрофално изгледаше Ливерпул на денешниот дуел со Астон Вила, на кој тимот на Јирген Клоп апсолутно заслужено претрпе убедлив пораз од 7-2.

За дебаклот на „црвените“ најдобро говори податокот дека Ливерпул е само вториот шампион на Англија што како актуелен првак примил седум гола на еден натпревар.

Пред Ливерпул тоа било случај само со Арсенал, и тоа во далечната 1953 година, кога „топчиите“ беа поразени од Сандерленд со 1-7.

Се вчитува...