Бенжамин Павар ќе остане запишан во историјата на Баерн Минхен, но не по добрите игри и трофеите освоени со баварскиот гигант, туку како прв и досега единствен играч на Баерн што се решил да штрајкува за да издејствува заминување од „Алијанц Арена“. Причината е јасна, тој сака што поскоро да се реализира договорениот трансфер во Интер, што баварците го одолговлекуваат додека не најдат адекватна замена за него.
На Павар од друга страна му се брза и стравува трансфер да не пропадне, па тој од средата воопшто не тренира со остатокот од екипата. Првиот ден Баерн објави дека Французинот има грип, што веднаш беше демантирано од неколку германски медиуми, за баварците повеќе воопшто да не го споменуваат Павар во вообичаениот здравствен билтен за играчите кои не тренираат.
„Сите работи укажуваат на тоа дека Павар стапил во штрајк за да издејствува трансфер. Тоа е прв пат во историјата на Баерн еден фудбалер да прави такво нешто“, пишува весникот „Билд“.
Баерн пред четири години го купи Павар од Штутгарт за 35 милиони евра, тој одигра 163 средби за најтрофејниот германски клуб, постигна 12 гола и 12 асистенции, но делува цврсто решен неговата авантура со баварскиот гигант да заврши летово, иако има уште една година од договорот со клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА