„Срамота за Јунајтед ако Де Јонг заврши во Челси“

Наскоро се очекува Френки Де Јонг за си замине од Барселона, и да се пресели во Премиерлигата. Цело лето беше пред трансфер во Манчестер Јунајтед, а сега се споменува Челси како негова следна дестинација.

Барселона сака да го продаде поради неговата висока плата и со тоа да може да регистрира нови играчи, но Холанѓанецот засега не планира да се откаже од 18 милиони евра кои клубот му ги должи.

Во целата приказна се вмеша Челси кој сака да го купи за 80 милиони евра, пари кои би ја спасиле Барселона и би можела да ги регистрира новите играчи.

По повод овој можен трансфер се огласи и поранешниот играч на Манчестер, Гери Невил.

„Ако Јунајтед не успее да го донесе Де Јонг, тоа е срамота. Но ако оди во Челси, тоа е веќе трагедија. Да не сакаше да дојде мислам дека работата одамна ќе беше готова. Односот кој Де Јонг го имал со некогашниот тренер, и тоа мора да постои. За мене можни се три сценарија. Прво даоаѓа во Јунајтед, и клубот делува паметно. Второ да остане во Барселона, и тоа повторно се рамт за Јунајтед. Трето заминување во ривалски клуб ќе игра против тренер со кој соработувал во минатото. Не би сакал да размислувам за ова третово“, изјави Невил.

Се вчитува...