Србија го изненади Исланд, сега ќе се крсти во Шведска

Србија останува во игра за пласман во следната рунда од ЕП 2018 откако нашиот северен сосед во првиот денешен дуел од групата А го изненади Исланд, триумфирајќи со 29-26. На Србите им беше неопходна победа од најмалку четири погодоци за да бидат сигурни во пласманот во следната рунда, па сега за да дојдат до третото место неопходно ќе им биде Шведска во последниот меч од групата да не загуби од домаќинот Хрватска.

Селекторот Цветковиќ и неговите избраници имаат за што да жалат бидејќи го имаа и последниот напад, но ударот на Ненадиќ не заврши во мрежата, па судбината повеќе не е во нивни раце, туку Србите ќе мора да се надеваат на услуга од шведските репрезентативци. Шешум и Радивојевиќ беа први стрелци на Србија со по пет гола, додека прв стрелец на Исланд при денешниот пораз беше Сигурдсон со осум гола.

Франција ја забележа и третата победа во рамките од групата Б, овојпат против Белорусија со резултат . „Триколорите“ клучната предност ја направија во финишот од првото и стартот на второто полувреме, кога по израмнетите 10-10 поведоа со пет гола разлика (16-11), по што го контролираа резултатот се до самиот крај. Дике Мем беше во главна улога постигнувајќи девет погодоци, три повеќе од Никола Карабатиќ.

Се вчитува...