Србија и Франција ќе играат во финалето на женскиот Евробаскет

Репрезентациите на Србија и Франција ќе се сретнат во финалето на женското Европско првенство во кошарка. Србинките за малку од готово ќе направеа вересија во победата над Белгија од 74-73. На 1.6 до крајот Србија имаше четири поени предност, а ноншалатноста на Јелена Брукс за малку можеше многу да ги чини. Соња Васиќ со 16 поени беше најдобар поединец во победничкиот табор, додека кај поразените недоволни беа и 18 поени на Жули Алеман.

Во првото полуфинале кодомаќинот на шампионатот Франција без поголеми проблеми успеа да слави над Белорусија со 73-61. Финалниот натпревар е закажан за утре со почеток во 21 часот. Три часа порано во мечот за бронзата ќе се сретнат Белорусија и Белгија.

Се вчитува...